Кој е Кристијан Лазарев?
Јас сум сертифициран специјалист за пристапност, независен истражувач и лектор по македонски јазик, со голема страст за пристапноста, инклузијата и олеснувањето на секојдневниот живот на лицата со попреченост преку технологија.
Низ моето повеќегодишно искуство јас имам стекнато повеќе формално и неформално признати компетенции, како што се:
- Сертификат за пристапност од Меѓународната асоцијација на професионалци за пристапност (IAAP).
- Сертификат како експерт и обучувач за читачот на екран NVDA.
- Член и контакт лице за Северна Македонија во AAATE.
- Диплома за професор по македонски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со максимален просек.
- Официјална лиценца за лекторирање текстови на македонски јазик.
- Магистерски студии по проектен менаџмент на ФЕИТ - Скопје и др.
Освен формалните квалификации, јас:
- Секојдневно користам асистивна технологија како лице со оштетен вид – за мене пристапноста не е само професија, туку потреба и секојдневие.
- Целосно ги разбирам предизвиците на лицата со попреченост – преку лично искуство и долгорочна вклученост во заедницата на лица со попреченост.
- Јас сум решителен, упорен и посветен кон создавање решенија што го подобруваат животот на другите.
Сакаш да ме запознаеш подобро, од малку поинаков аспект?
Поврзи се со мене на Facebook или заследи ме на Instagram.
Ако веќе си уверен дека можам да ти помогнам, тогаш
погледни ги услугите што ги нудам или контактирај ме директно.