Кристијан Лазарев – Пристапност – Лектура – Проектен менаџмент!
Добредојде!
Дали бараш:
- Тестирање и подобрување на пристапност на апликации, веб-страници или документи?
- Консултации и обука за пристапност и асистивна технологија, како и за други теми поврзани со попреченост?
- Превод на интерфејси на веб-страници или мобилни апликации на македонски, лектура или пишување содржини?
Не барај на друго место! Тука можеш да го добиеш сето тоа!
Сертифициран, лиценциран и со долгогодишно искуство да го направам токму тоа за тебе, твојата организација, компанија или институција!
Кој е Кристијан Лазарев?
Јас сум сертифициран специјалист за пристапност, независен истражувач, професор и лектор по македонски јазик, застапник за правата на лицата со попреченост и хуманист кој ужива да ги користи своите вештини за решавање проблеми за да им го олесни животот на другите.
Публикации и медиуми
Низ годините бев автор и коавтор на повеќе академски трудови и публикации, како и автор на статии, колумни, учесник во подкасти, интервјуа и медиумски гостувања.
Сите мои објави и медиумски настапи се архивирани и зачувани на едно место за да можеш веднаш да ги пронајдеш. Не чекај!.
Контактирај ме!
Силно верувам дека заедно можеме да го направиме светот подобро место за живеење за сите. Затоа контактирај ме и да започнеме!
Во меѓувреме:
- Погледни го мојот LinkedIn профил
- Прочитај некое од моите истражувања на мојот ResearchGate профил
- Прочитај ги моите статии на Националниот сојуз на слепи и
- Види што има ново и на веб-страницата на Асоцијацијата за пристапност и инклузија единствената организација во Македонија посветена на пристапноста во целост.