Што можам да направам за вас?
Во продолжение се услугите што професионално ги нудам — самостојно или во соработка со блиски стручни соработници:
✔ Тестирање и подобрување на пристапност
- Тестирање на пристапноста на твојата веб-страница, мобилна апликација или документ (PDF, Word итн.).
- Откривање и отстранување на багови во пристапноста следејќи ги насоките дадени во WCAG 2.2 на W3C, и следејќи ги европското, американското и македонското законодавство преку Директивата за веб пристапност (EU) 2016/2102, Европскиот акт за пристапност (EU) 2019/882, Американскиот акт за рехабилитација (Section 508), како и Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации во јавниот сектор во РСМ.
- Креирање проценки и извештаи за моменталната пристапност на определена веб-страница, мобилна апликација или дигитален документ, давање препораки за нивно подобрување и пишување на изјава за пристапност.
✔ Консултации и обука за пристапност и асистивна технологија
- Обука и менторство за поединци и организации за конкретна асистивна технологија (софтвер или хардвер).
- Тренинг за креирање пристапна содржина и користење алатки.
- Демонстрации и презентации од користење читачи на екран и други технологии.
✔ Лингвистички услуги на македонски јазик
- Превод на кориснички интерфејси, апликации и веб-страници на македонски.
- Лектура и јазична редакција на македонски текстови.
- Пишување оригинална содржина на македонски јазик на широк опсег теми.
Секоја услуга е достапна поединечно или како пакет, во зависност од потребите. Без разлика дали сакаш да ме ангажираш како физичко лице, или преку невладина организација, компанија или институција — тука сум да соработуваме.
Слободно контактирај ме доколку имаш на ум некаков проект или прашање!